Skip to main content
x

30 Jun 2020 - 12:15
sportmedia
Статија

Само еден ден откако официјално обезбеди учество во Серија „А“, Беневенто веднаш тргна да го гради тимот за идната сезона.

Прво засилување е екс играчот на Челзи, и повремен француски репрезентитвец Лоик Реми.

Реми доаѓа од Лил, а во минатото покрај Челзи, играше за Кристал Палас, Лас Палмас, КПР, Ница, Олимпик Марсеј.

Тој утрово пристигна во Италија каде треба да ги мине лекарските прегледи, и потоа да стави потпис на договорот.

Второто засилување за Беневенто ќе биде полскиот стопер Камил Глик кому му истекува договорот со Монако. Третиот играч кој треба да пристигне е Андре Шурле кој е играч на Борусија Дортмунд, а како позајмен мина во Спартак Москва, но се врати во Германија поради коронавирусот. Борусија сака да го продаде, и нема ништо против да се пресели во Беневенто.

sportmedia.mk

Најчитани вести