Skip to main content
x

30 Jun 2020 - 11:35
sportmedia
Статија

Црвена Звезда е шампионот на Србија и ќе го претставува нашиот северен сосед во Лигата на шампионите. Звезда веќе се испроба и во групната фаза, знае што значи тоа, сака повторно да е дел од тоа елитно друштво.

За да го постигне тоа, мора да има сериозен состав, летово тимот од „Рајко Митиќ“ ќе се засилува, а последните информации велат дека прво име ќе биде ни помалку ни повеќе туку Александар Катаи.

Српската звезда која направи сериозно име во САД, пред неколку дена беше избркан од Лос Анџелес Галакси и сега има слободни документи што се вели да продолжи каде сака.

Тој е миленик на „Делиите“ и Звезда ќе направи се за тој да се врати во старото јато. Катаи не е ефтин секако дека ќе добие сериозна сума на пари на име на плата, но од друга страна пак неговите квалитети се неспорни.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести