Skip to main content
x

30 Jun 2020 - 11:05
sportmedia
Статија

Тимот на Борец утре ќе ги започне подготовките за следната сезона. Закажана е прозивка на стадионот во Велес, каде што секако ќе се појават староседелците но и новитетите во таборот на Борец.

Што се однесува пак до самите подготовки моменталната ситуација, со коронавирусот не само во Македонија туку и во соседството ги крои плановите. Борец сака да замине надвор на подготовки но во Србија ситуацијата во моментов не е сјајна во овој поглед, а Бугарија, односно Банско исто така не е на „чисто“ што се вели за гости од странство, поточно од Македонија.

Па така, Борец сериозно размисллува за останување во домашни услови, за подготовки во некои од нашите туристички центри.

Што се однесува пак до пријателските средби, тие се веќе во програмата на тренерот Горазд Михаилов. Против Пелистер се игра на 11, против Тиквеш на 14, против Брегалница на 19, а против Беласица на 25 јули.

sportmedia.mk

Најчитани вести