Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова вети нови работни места. Таа кажа дека работа ќе добијат најдобрите, а не последните на ранг листа.

„Три години на самрак на Македонија! Како во поглед на идентитетот и економијата, така и во поглед на моралот. Видете ја програмата на СДСМ во 2016 и се ќе ви стане јасно. Мртво слово на хартија. Нула. Ништо не исполнија. Воспоставија непрофесионална и партиска администрација. Откако ја партизираа, сега ветуваат нејзино кратење. Погодувате од каде ќе почнат? Од неистомислениците! Денес неколку семејства, фамилии, управуваат со Македонија“, рече Силјаноска – Давкова, која беше во посета на Нерeзи.

Таа кажа дека економијата ни е на нула, а дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата ветува нови работни места.

„На прави места прави луѓе. Најдобрите, а не последните да бидат примени. Правичната застапеност не значи некој со помал број поени да биде примен само затоа што е од друга етничка заедница.  Во Ирска само Шин Фејн, политичкото крило, можеше да влезе во парламентот, а не како кај нас, ги соблекоа униформите и добија се. Ветуваме обнова на Македонија. Воведуваме ред во безредието, закон во беззаконието. Мора крај да се стави на ова“, рече Силјаноска – Давкова.

извор: Makfax

Најчитани вести