Skip to main content
x

29 Jun 2020 - 20:45
sportmedia
Статија

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, за СПОРТМЕДИА потврди дека денеска ставил параф на нов едногодишен договор со екипата на Џенова. Најавите на нашиот портал се остварија, со оглед на тоа што и Пандев и управата на италијанскиот калчолигаш беа отворени за нова соработка.

„Да, готово е. Денеска потпишав нов договор со Џенова за една година. Приоритет ми е да останам овде, најпрво да ја спасиме Џенова од испаѓање и да имаме уште една добра сезона во Серија А. Мотивот секако беше да се остане во добра форма за репрезентативните натпревари кои не чекаат и да се обидеме да ја исполниме желбата на сите, а тоа е настап на европско првенство“, вели Пандев во изјавза за СПОРТМЕДИА.

Со оглед на тоа што досега во Серија А има 92 гола, една од причините кои го натераа да остане уште една година активен е и целта – 100 гола во италијанското првенство.

„Сигурно, 100 гола во Серија А се мој голем предизвик и се надевам дека следната сезона ќе ја исполнам целта. Навистина ми е драго што потпишуваме догоовор во ист ден со мојот добар пријател Буфон со кого ќе се сретнеме на теренот веќе утре. Ова веројатно ќе биде моја последна сезона во кариерата, но никогаш не вели никогаш“, заврши нашиот капитен, кого утре со Џенова го очекува тежок меч против шампионот Јувентус.

sportmedia.mk

Најчитани вести