Унгарската влада ги проширува економските мерки за помош на компаниите во земјата.  Министерот за надворешни работи Петер Сијарто објави дека  дури 806 компании ќе добијат поддршка во вредност од вкупно 169 милијарди унгарски форинти со чија помош ќе се зачуваат  143 илјади работни места.

Со низата мерки, 806 компании ќе добијат вкупно 169 милијарди форинти поддршка. Инвестициите што ги преземаме изнесуваат  377 милијарди форинти  и придонесуваат за задржување на 143.000 работни места-вели Сијарто.

Сијарто додава дека  38 компании во административниот округ Комаром-Естергом ќе добијат поддршка во износ од 8,6 милијарди унгарски форинти а со тоа ќе се зачуваат речиси 12 илјади  работни места.

Атила Селмеџи, сопственик на една од компаниите вели дека  добиле 282 милиони форинти како  поддршка. Со финансиската поддршка ќе се отвори нов магацин од 3.000 метри квадратни кој компанијата не би била во можност да го отвори дури неколку години подоцна вели сопственикот на компанијата.

Трансинтероп Кф е семејна деловна компанија во унгарска сопственост со 270 вработени. Во 2018 и 2019 година остварила продажба во висина од 8 милијарди форинти со што станува 10-та најголема компанија во унгарскиот  пазар.

Најчитани вести