Skip to main content
x

29 Jun 2020 - 19:55
sportmedia
Статија

Подготвувајќи се за завршницата на НБА сезоната, екипата на Лос Анџелес Лејкерс планира утре да потпише договор со слободниот агент, Џеј Ар Смит. Неговото име ќе се најде во клупскиот ростер на „езерџиите“ за финалната фаза од шампионатпт планирана следниот месец во Орландо.

Смит и Лејкерс разговараат за договорот, откако Ејвори Бредли одлучи да не патува со тимот во Орландо. Смит и Лејкерс работеа за конечните детали за договорот веќе една недела, а засега нема некои големи пречки за негово потпишување. Тоа значи дека веќе утре Смит (34) кој нема меч од ноември 2018 година кога заврши со Кливленд, ќе биде адутот на Леброн и компанија во трката за титулата.

sportmedia.mk

Најчитани вести