Градоначалникот на скопската општина Центар Саша Богдановиќ се врати на работа од 14 дена самоизолација, но од вработените во општината двајца била позитивни на тестот за коронавирусот, а уште тројца се со решение за самоизолација. Сите други тестови на повеќемина вработени во општината биле негативни, информираат од општината.

Од таму велат дека граѓаните доколку имаат потреба, можат да се обратат до општината телефонски, на 02/3203 600 и 02/3203 682 и електронски, преку контакт формуларот на веб- страницата, centar.gov.mk, како и на електронската адреса [email protected]

Најчитани вести