Skip to main content
x

29 Jun 2020 - 18:55
sportmedia
Статија

Барселона потврди дека е постигнат договор со Јувентус за трансферот на Миралем Пјаниќ. Само неколку часа откако Јуве го потврди трансферот на Артур, стигна потврда и за преселбата на Босанецот во спротивна насока.

Каталонскиот клуб ќе му плати на Јувентус 60 милиони евра за Пјаниќ, со пет милиони во вид на бонуси.

Босанскиот ас ќе потпише договор до крајот на сезоната 2024, а неговата излезна клаузула ќе изнесува 400 милиони евра.

Во официјалното соопштение се наведува дека Пјаниќ ќе остане во Јувентус до крајот на тековната сезона.

sportmedia.mk

Најчитани вести