Челникот на телевизија “Пинк“ Жељко Миртовиќ денес го тестирал својот нов изум, а тоа се турбо млазници, кои можат да бидат вистинско откритие за сите оние кои возат скејт, ролери и точак.

“Млазниците финално ги тестирав на пистата Новак и работат како луди, на секоја рака по 4 мотори со по 30.000 обрти и во ранец напојување со автономија од еден час! Убава вест, потврдено е дека 1 октомври се во слободна продажба во Лондон, а од ноември во Њу Јорк, Париз. Утре проба во воздух“, напишал тој како опис во видеото во кое вози скејт со помош на млазници.

Инаку Митровиќ за ова лето најавил десетина патенти, при што истакнал дека еден од најзначајните е турбо млазници.

Не треба да се заборави и тоа дека Жељко на големо работи на нов патент – летечки автомобил, кој го најавил за 1. август, а пробно возење над Белград ќе го изврши во период од 1. до 7. август.

Најчитани вести