Словенечката влада ќе ја отстрани Хрватска од списокот на земји безбедни од „Ковид-19“, доколку бројот на заразени е 10 на 100 000 жители, изјави портпаролот на владата, Јелко Кацин.

Според него, врз основа на кривата на коронавирусот во последните две недели, ова се очекуваше.

Во тој случај, Хрватска ќе се најде на жолтиот список, што значи дека ќе ги предупреди на опасност сите Словенци кои се веќе во Хрватска, оние што планираат да одат таму, како и оние што се враќаат од земјата.

Од нив ќе биде побарано да чуваат безбедно растојание додека се во земјата и да се јават кај нивниот лекар доколку забележат какви било симптоми на Ковид-19 кога ќе се вратат во Словенија.

Кацин напомена дека Хрватска, во која неодамна се забележува зголемен број на нови инфекции, реши да ја укине забраната за одење во ноќни клубови, потег кој Словенија не го направи дури ни кога беше прогласен крајот на епидемијата.

Кацин рече дека многу Словенци купиле билети за забава на плажа на островот Паг.

Словенија многу внимателно ја следи ситуацијата, рече тој, додавајќи дека има и извештаи за одредени проблеми во броењето на нови случаи во Хрватска.

Во последните неколку дена има зголемување на бројот на заболени со коронавирус во Хрватска, така што тие имаат неколку десетици заболени на ден, откако пред неколку недели паднаа на едноцифрен број.

извор: Makfax

Најчитани вести