Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, застана на страната на Новак Ѓоковиќ и реши да ја преземе вината за организацијата на „Адрија тур“ во Белград.

Ѓоковиќ организираше хуманитарен турнир пред полните трибини на Дорчол, а кога тенискиот карван се пресели во Задар, беше утврдено дека неколку тенисери и членови на стручниот штаб се заразени со коронавирус. Меѓу нив беа Новак и Јелена Ѓоковиќ, Виктор и Александар Троицки, Григор Димитров, Горан Иванишевиќ, Борна Чориќ …

„Сакам да му дадам целосна поддршка на Новак, секоја чест за него. Тој сакаше да направи нешто добро за сите нас, не само во Србија туку и во регионот. Тој сакаше да помогне, да собере пари и секоја чест за тоа. Кога би можело да ја префрлат вината врз мене и да го остават на мира, јас би била најсреќна на светот. Ете, тоа е наша вина, ние ги попуштивме мерките, тој ги слушаше препораките и еве јас сум виновна. Оставете го човекот на мира, моја е одговорноста. Тоа е хумана намера за мене, секоја чест за него и секоја поддршка“,  рече Ана Брнабиќ како гостин на ТВ Пинк.

извор: Makfax

Најчитани вести