Како и на претходните два избори претседателот на владеачката СДСМ не штеди на ветувањата. Последните ветувања се неверојатни 1250 километри патишта во Македонија што е повеќе од невозможно, Македонија нема ни буџет ни простор за нови 1250 километри пат.

На парламентарните и локалните избори, како и на референдумот, ветуваше почеток на преговори за влез во Европската унија за шест месеци, а еве поминаа повеќе од три години ние немаме ни датум за почеток на преговорите. Имаме најлоши резултати од сите држави во регионот во справување со епидемијата, а Заев и Филипче ветуваат дека тие на есен ќе се справеле со нејзиното ширење и губење животи од корона вирусот.

Ветуваши плата од 500 евра за две години, а еве поминаа повеќе од три тое не се оствари, иако тоа беше еден од главните адути граѓаните да му го дадат гласот. Сега ветува просечна плата од над 36.000 денари, иако ни претходното ветување не му е остварено.

Платите не растат, напротив, официјалните државни податоци покажуваат дека платите паѓаат секој месец, а тоа може да се види и од графиконот на насловната фотографија.

Најчитани вести