Уна Чолиќ, наследничката на еден од најпопуларните пејачи во регионот, Здравко Чолиќ, стана вистинска Инстаграм ѕвезда.

Во овој момент, таа е проследена од околу 25.000 корисници на оваа социјална мрежа, а скоро секоја објава од неа завршува на порталите.

Уна, која наполни 18 години минатата година, привлекува внимание на Инстаграм со својата физичка убавина, како и скапите и провокативни парчиња облека што често ги носи.

Уна живее како повеќето нејзини врсници и сака да излегува, да патува и сл…

Таа неодамна го промени својот имиџ. Ја надогради косата и стана бринета, а за новата фотографија доби бројни пофалби од нејзините следбеници.

За разлика од повеќето наследници на познатите на Балканот кои не сакаат да се експонираат во јавноста, Уна е сосема спротивна и сака да биде во фокусот на медиумите и оние кои и ласкаат.

Најчитани вести