Денес пред седиштето на СДСМ во Скопје, со почеток во 14 часот, движењето „Зошто да не“ и „Јас верувам“ ќе одржат мирен протест против разрешувањето на Арбен Зибери од страна на СДСМ.

Зибери, беше разрешен откако на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите, со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, со ова Зибери пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

 

Најчитани вести