Внатре се меки, а однадвор крцкави.

Потребни состојки:

  • 10 г квасец,
  • 1/2 лажица шеќер,
  • 80 мл топла вода,
  • 100 мл јогурт,
  • 1 лажичка сол,
  • 1 лажица масло,
  • 250 г брашно и путер за премачкување.

Начин на приготвување: Растворете го квасецот во млака вода. Измешајте го брашното, а потоа извадете 2 лажици настрана. Додадете шеќер, сол, вода, јогурт и на крај растопениот квасец кон брашното. Измешајте со рака или со миксер со додатоците за тесто. Кога убаво ќе ги измешате состојките, смесата ќе биде леплива и ретка, тогаш додадете ги останатите 2 лажици брашно постепено и замесете убаво меко и мазно тесто. Оформете топка, премачкајте со масло и покријте го со најлон фолија да отстои 1 час на топло место. Потоа, тестото префрлете го на набрашнета површина, посипете брашно и малку издолжете го тестото. Поделете го на 4 дела кои ќе ги оформите во топки. Оставете ги покриени 20 минути. Потоа со дланките или со сукало, раширете го секое топче во големина на кора колку тавчето во кое ќе печете.  Оставете уште десетина минути да одморат и потоа во загреано тавче печете ги едно по едно. Оставајте да се печат на една страна околу 1 минута, па потоа превртете. Кога убаво ќе се испечат од двете страни, извадете ги и премачкајте со путер.

Најчитани вести