Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека тој и СДСМ немаат проблем Македонија да добие Албанец за премиер.

Со ова, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, практично се демантира себеси, бидејќи во претходните негови изјави за предлогот на ДУИ за Албанец премиер, тој велеше дека ваквата иницијатива е преуранета.

Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција 4 години за да може да се реформира да биде добра партија. Верувам дека ова е само политика и политиканство затоа што мандатот на крајот на денот го даваат граѓаните. Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада, велеше Заев до неодамна.

Дали со неговиот последен статус, Заев капитулира пред Ахмети и го прифаќа неговиот предлог и уцена останува да се види.

Најчитани вести