Јас сум македонски студент во Москва, кој дипломира оваа година.

Македонската амбасада имајкји ги сите мои податоци не ме известувасше за никакови вонредни летови и организација за враќање на македонските граѓани од Русија дома. Преку трети лица дознав дека вд амбасодорката Оливера Димовска (која инаку е врсшител на долшност минимум од пролетта на минатата година, повеќе од 6 месеци) зборува дека јас не и се допаѓам. Тоа ме наведува на заклучок дека работи предводена од своите негативни чувства кон мене, а не врз своите обврски како лице кое е испрапратено да се грижи и за граѓаните на својата земја.

Последен пат се чув со неа во средината на месец јуни, и и побарав информација за враќање на македонските државјани дома, на што ми одговори дека  можам да си планирам враќање преку редовните линии по отворањее на границите. А за отворање на руската граница сеуште нема апсолутно никакви информации.

На 22 јини ја барав амбасадата и на мојот повик одговори лицето Мила Миновска за кое мислам дека е волонтер. Ја прашав за вонредни летови со кои можам да се вратам, на што ми одговори дека немаат никаква информација.

Денес сопругот на вд амбасадорката Димовски Гоце објавил заедничка фотографија со својата сопруга, амбасадорката, на плажа во Соши која ви ја презентирам.

Додека има македонски граѓани кои неможат да се вратат дома, а во услови на светска паднемија, македонската вд амбасадорка ужива во Сочи со сопругот.

Се обратив до амбасадите на други балкански земји кои водат многу повеќе грижа за своите граѓани и организираат вонредни чартер летови, од кои добив многу повеќе информации.

Се надевам дека објавуванјето на оваа информација ќе ми помогне мене, и на сличните случаи, да се вратиме дома. Се наоѓам во тешка ситуација. Во универзитетскиот интернат можам да престојувам уште за кратко време, а финансиските средства ми се при крај. Најпосле, јас сум граѓанин на Македонија кој има свои права, а дипломатските пртставништва свои обврски кон нас граѓаните заради што и постојат и примиаат плата. 

Имам чувство дека македонските институции последниве години се грижат само сами за себе, а безизлезната ситуација во која се наоѓам ни најмалку не допира до нив.

Поздрав,
Димитар Пивковски

Најчитани вести