Коронавирусот може да се уништи за 25 секунди, сигурни се истражувачите од Националната лабораторија за заразни болести на универзитетот Бостон. Според научниците, неопходно е да се користат ултравиолетови зраци за таа намена.

Група научници изведоа експеримент во кој материјал контаминиран со вирусот Ковид-19, беше изложен на различни дози на ултравиолетови зраци. Научниците исто така ја проценија стапката на уништување на патогенот.

Како што беше откриено, во доза од 5 мега џули на квадратен центиметар, ширењето на вирусот е намалено за 99 проценти за шест секунди. Инфекцијата била целосно уништена за 25 секунди кога била изложена на зрачење, со јачина од 22 мега џули на квадратен центиметар.

Истражувачите се сигурни дека светилката од 13 вати може да ги исчисти честичките Ковид-19 на простор од 15 квадратни метри, според порталот „Biospace“.

Најчитани вести