Уким е држвна работија која е дом на идните академски гграѓани. Еден од темелите на државноста на нашата земја. Симболот на гордост на високото образование во Македонија. Чекај бе: да не фантазирам јас нешто? Колку и да ставиме санта мраз врз глава за да ја оладиме и да бидеме реални, нештата се ‘‘ да те Бог сачува‘‘! Студентите гледаат сеир и како збунети прволачиња чекаат да видат како даскалите си играат Универзитет. Ко турска серија. 

Подолго време постои антагонизам меѓу ректорот и три од проректорите. Ова одело до таму, што повеќе од три години не се одржала седница на Колегиумот. Нормално ли е ова? 
‘‘ Бај д‘ веј‘‘, четвртиот проректор (покрај функцијата што ја врши) е и член на десетина што надзорни, што управни одбори. Јас мислев проректори треба да се занимаваат со проректорски работи. Не да бидат надзорници и управници. Ама, може не знам. Може ‘‘така требит де‘‘. 

Ректорот кој вели дека тој е избран според програма и кој не се сложува со неговата програма слободно може да поднесе оставка, а не да ја кочи работата на Универзитетот. Мене ова ми изгледа ОК. Ако не се сложуваш со програмата, не губи време бе брат. Нели? Или пак нешто не сум разбрал? Малце сум си глуп за овие работи. Не сум бил никад ни Ректор ни Колектор.

Како и да е, ќе има избори за ректор. Убаво, ај со среќа. ‘‘ да се ќердоса‘‘. Има на секои четири години, ама минатиот пат имаше некоја галама... колку што следам велеа, пленумци (и млади и стари), нелегитимни биле претставниците на студентите. Сè е во ред, одговараа претставниците и даваа документи дека е во ред. Кому да веруваш? Ајде, тоа беше пред 4 години. А, ‘‘ ко то тамо пева‘‘ данаске? Ректорот претседавал и со седниците на Сенатот и тоа е спротивно на Закон. Не е така, одговара ректорот, тоа е наследено право. Јас пак не знам. Ако мене некој сака да ми земе тоа што сум наследил, ќе се тепам бе... Само, не знам како се наследува право. Знам како се наследува криво, ама право,.. веројатно у некој здрави држави. 

Ѓоа велат, ректорот не почитувал ни мислења на антикорупциска комисија. Ректорот вели дека не е обврзан да почитува такви мислења. „Обврзан е, обврзан!“ викаат проректори, викаат синдикалци, викаат други кандидати за ректор. Јас не викам ништо, ама читам дека и антикорупциска вика така. Демек, бил обврзан. Сега веќе не ми е јасно, оти уредбите имаат законска сила во овој период. Не треба висока политичка аналитичка школа за да се знае и согледува тоа. 

А Просветен инспекторат молчи... молчи,  ‘ ко мрсна путка у шифонски гаќи‘‘ па ќе каже нешто колку да каже. А на УКИМ, само што не се потепаат меѓу себе. Удри мавај, гладијаторска борба на ниво на Монти Пајтон во филмот ‘‘ во потрага по светиот грал‘‘.  И повторно, се јавува антикорупциска и пресекува: мора да прекине постапката за избор и да продолжи по целосно завршување на изборите за пратеници во Собранието. Јессс! Рокенрооол!

Не знам  за што станува збор. Не сум на УКИМ. Ама не разбирам... Нели ректорот на универзитетот е одговорен за законитоста? А тој смета дека некои работи не се однесуваат на него. Ова стварно не го разбирам. А го критикуваат, нема кој што не го искритикува (изоговара). Него. Ректорот на УКИМ. А тој се јавува овде, се јавува онде. Секогаш сам. Зошто, бре, не седне и у дебата не ги распичка противниците, па да се види дека он сепак знае што збори. Зошто им молчи? Затоа што „Молчењето е злато“? А бе, не е секогаш злато! Да беше така ја не ќе јадев многу мушмули  и ќе бев богаташ. 

Знам. Звучи како на мајтап. Дупачка на туѓа сметка во фела на која не и припаѓам. Можда ја сакам да биде мајтап, а не да биде сериозно. На УКИМ биле ректори видни луѓе: еден Кирил Миљовски, па еден Блаже Конески, Димитар Митрев, Христо Андонов Пољански и, од последните, еден Драги Данев. Сите легенди. Е па, заради нив, ректоре, ајде сите да береме ум во глава. Да не ги гнасиме претходниците. Особено не покојните. Оти тие ниту може да станат и да се оправдаат, ниту да бидат одговорни за оние што дошле откако тие заминале. 

Штити ја законитоста ректоре, за таа да ги штити сите. Не е работата само за тебе... Никогаш и не била, кога веќе си решил да трчаш уште еден круг. Мислам, не би смеела да биде работа само за тебе. Ајде, стори нешто добро, па да се гордееме со тебе! Сите ние кои сеуште чуваме црвени тефтери по фиоки а на кои пишува УКУМ – ИНДЕКС.  Ректори, проректори, ‘‘ колектори‘‘ ( ‘‘Хер Жика – филм‘‘) имало и ќе има,.. ама лицето на интелектуалниот свет, дигнитетот кој вели ‘‘лице на една држава‘‘, никогаш не смее да се доведе вопрашање.

‘‘ GAUDEAMUS IGITUR, IUVENES DEM SUMUS” Ректори, проректори и колектори. 

Агим Јонуз
 

Најчитани вести