СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(57) од село Копачиндол, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 26.05.2020 по претходно настанато недоразбирање околу сообраќај, пријавениот со своето возило почнал да го следи такси возилото кое го управувал Г.А.(47) од Тетово. Откако таксистот дошол и застанал пред такси компанија, помеѓу нив настанала вербална расправија, по што пријавениот извадил огнено оружје и го вперил кон Г.А.. Г.А. се обидел да му го одземе оружјето, а пријавениот со истото го удрил.

Најчитани вести