Претседателот на Советот на Општина Арачиново, Агрон Беќири, денес се приклучи на Алијансата за Албанците. Беќири на последните локални избори се тркаше во редовите на СДСМ, со кои по изборите беше избран за претседател на Советот. 
Заедно со Беќири, на партијата предводена од Задин Села му се придружи и Ибрахим Јахја, поранешен советник и поранешен носител на листата на ДУИ на локалните избори 2013 година во Арачиново, пишува in7.
Јахја и Беќири, денес остварија средба со Зијадин Села каде што тие го официјализираа преминот во оваа партија. Заедно со нив биле и други поддржувачи, додека, како што е соопштено, разговорите за нивно преминување во Алијанса за Албанците започнале од порано.
Денес, во Северна Македонија, официјално започна кампањата за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 13, 14 и 15 јули.

Извор: in7.tv

Најчитани вести