Со пристигнувањето на нови предупредувања околу ширењето на коронавирусот, сигурно се прашувате дали тоа што сте се чувствувале лошо во февруари, значи дека, всушност, сте биле болни од новиот вирус?

Еве што советуваат стручњаците да проверите ако мислите дека сте се заразиле:

1. Сте биле болни во февруари

Ако сте се разболеле во јануари, веројатно не е во прашање ковид-19, вели д-р Адам Спивак и додава дека вирусот се појавил пред епидемијата, па ако сте биле болни кон крајот на јануари и на почетокот на февруари, можно е да било во прашање заразата со новиот коронавирус.

2. Кашлицата и температурата што сте ги имале не биле симптоми на грип

Се чувствувавте многу лошо, неколку денови имавте температура со силна кашлица, но не бил во прашање грипот. Можно е дека станувало збор за зараза со коронавирусот.

3. Одеднаш сте ги изгубиле сетилата за мирис и вкус

Околу 64,4 отсто од луѓето што биле или се заразени со ковид-19 пријавиле дека одеднаш добро не ги чувствувале мирисите и вкусовите, па овој симптом се најде на листата на најважните симптоми за коронавирус.

4. Ваши блиски биле болни

Многу луѓе имале благи симптоми на заразата, вели д-р Бенџамин Сингер, професор по пулмологија, и додава дека ако сте биле во близина на заразени лица, големи се шансите и самите да сте се заразиле.

5. Прстите на нозете ви изгледале чудно

И ова е еден од симптомите, иако не е секогаш присутен, вели д-р Сингер и додава дека промените на кожата може да бидат симптом на инфекцијата, особено на стапалата.

6. Сте забележале чуден осип на кожата на детето

Постојат извештаи за појава на осип кај лицата што биле заразени со ковид-19.

7. Дигестивни проблеми

Ковид-19 е респираторна болест, но многумина ќе доживеат и други симптоми, освен тешкотиите со дишењето. Еден од симптомите е и проливот. Научниците се согласуваат дека лицата што имале слични симптоми, а биле во близина на заразени лица, мора да бидат особено внимателни.

8. Имате рак

Пациентите што имаат рак, исто така, спаѓаат во ризичната група и имаат 60 отсто поголеми шанси кај нив тестот на ковид-19 да биде позитивен.

9. Сте се разбудиле со црвено око

Можеби е во прашање инфекција или конјунктивит, но може да биде и редок симптом на коронавирус, според пишувањата на Американската агенција за офталмологија. Не е причина за паника, но паметно би било да се јавите кај офталмолог и да ги следите неговите упатства.

Најчитани вести