Има ли ‘‘муж‘‘ у државава бе!? Па и женско чељаде нека е де! Некоја Сирма војвода. Некој со влакна у носот што ке пресече кога треба да се пресекува! На своја одговорност, а не колективна. Не деспот! Не ‘‘Стаљин‘‘, па ни Тито, а најмалку Хитлер. Зборувам за еден феномен кој ни фали. Лидер на нацијата на кој сите, или барем осумдесет проценти да му веруваат. Секако и да го следат.

Па, имаме ли нација ( сериозна ) бе? Колкав е интензитетот на чувството за државност. Никој никому не верува и не го јебава ‘‘ ни за суву шљиву‘‘ ! Функционираме како раштиман оркестар на ‘‘Бурдуши‘‘ како во онаа серија одамна што ја гледавме кога имаше само први и втори канал. Вели ‘‘ ја сам Лепи Цане, а ово је оркестар Ла кампанела‘‘.

Све некои политички плачипички кои за сопствените неуспеси обвинуват друг некој. После повеќегодишна негативна селекција што сакаш ти? Нема друго. Толку е капацитетот.

Следам се што е медиум и правам паралели, за на крај да констатирам дека влегувам во паралел слалом помеѓу логиката и парадоксите. Станавме статистички бројки во сопствениот ментален концентрационен логор во кој самите сме и заробеници и чувари на редот. Самите сме и егзекутори и жртви. Депресија во душата и компресија на гнев и очај.

Никогаш повеќе нема ништо да биде исто. Барем не долг период. Ќе се вратиме сите еден ден у кафана онака ‘‘ баш кафански‘‘, ама нема да можеме да се оттргнеме од смрдеата што си ја создадовме внатре во нашите души и погледи кон светот, кон секојдневието, кон релацијата ‘‘човек – човек‘‘.

Папазјанијата наречена политика тотално ги спушти гаќите пред здравиот разум кој подразбира логично решавање на проблемите. Нема кој да пресекува. Нашето племе наречено македонски демос има десет поглавици. Секој со своите команчероси.

А, каде што има ‘‘мала бара много крокодила‘‘ водата е матна. Колку е матна македонската политичка вода? Многу! До таа мерка што, фигуративно речено, да беше државата мало дете немаше да престане десет дена да плаче зашто никој не го негува, само му вели ‘‘убава на мајка‘‘ ама седи си така укакана. Друг ден ке те бањам.

На актуелната власт воопшто не и е потребна предизборна кампања. Таа е веќе во своето крешендо со сите мерки што се преземаат а што имаат префикс ‘‘ гига популизам‘‘. Во така една кратка, а каква и да е кампања што ке следи, власта само ќе удира ‘’глазура‘‘ на сите пари што ги узајми од светот и ги подели во вид на разни субвенции, помоши и ‘‘спасувања‘‘ од кои на крајот на краиштата никој не виде спас. Се пропаѓа и пука по шавови. Ама,.. ‘‘ ќути и не кењај‘‘ !

Државниот апарат наречен Македонија никако да се оттргне од средновековниот безпоштеден натпревар во хипокризија, а тоа е ‘‘јас сум златен, а се останато лајна‘‘. Носи се бре у пизду материну!

Во пресрет на изборите кои станаа турска сапунска серија по медиумите, сите страни имаат ‘‘јамб у најава‘‘. Само албанската страна најавува ‘‘ Кента Флеш‘‘! Што ке се случува? Ништо ново, па ‘‘ да га јебеш‘‘. Каква и да е разрешницата утрото по изборите, судбината на формирање влада и власт повторно ке ја одлучуваат албанците. Зошто!? Па зошто така веќе стана нормално.

Не е тука во прашање воопшто Али Ахмети како личност и политичар. Неговите најави за премиер Албанец се демократско право на барање. Нема тука ништо што не е во рамките на демократијата и слободата на практикување на политика. Во прашање е нешто друго. Албанскиот кампус не е ништо помалку поделен од македонскиот.

Без оглед на тоа што нема Албанец во државата на кого не му се насмевнува бркот при реченицата ‘‘ Албанец за премиер‘‘, многу лесно ДУИ може да прејде во опозиција доколку во апетитот на останатиот албански политички кампус се одлучи да се коалицира со ВМРО или СДСМ само за да му се земе приматот на Али.

Така, многу лесно може да дојде до ситуација да победникот од македонската страна си направи власт и без ДУИ за да ситуацијата биде ‘‘ еве бе, имаме држава во која има и албанци во власта, ама премиерот си е македонец‘‘!

Додуша, ние и не мораме да имаме коалиција со албанска партија, ние ‘‘веќе имаме албанци во нашите редови‘‘ па нели! СДСМ на минатите избори многу умно и перфидно си ја одигра таа игра. Игра на ‘‘ резервни Албанци‘‘.

Велат, накриво насадена краставица дава криви краставици. Што не очекува во блиска иднина. Токму краставици криви. Ништо ново, освен продолжување на државната агонија во која ќе биде побитно дали си ‘‘Комита, Комуњар, Скендербег, Геџа или Султан Мурат‘‘! А државата? Како таа ќе функционира! Прашање од милион долари.

Еве го одговорот. Простете на изразот, ама нема алтернатива.

Ма, што те заболе кур! Влеговме у НАТО? Со Европа почнуеме муабет и предприемни фондови отворивме? НАТО ЌЕ НЕ БРАНИ, А ЕВРОПА ЌЕ НЕ ХРАНИ !

Дај ние да ги залепиме газињата у тоа фотељите и се што треба да правиме е да ги слушаме и да не мрчиме. Да си седнеме у тоа столчињата и како и дае пак ќе се ебаваме со празна слама. Ќе ни кажат како треба. А, у суштина и нема друг избор. Ние нема да ги слушаме зашто сакаме, него и зашто – МОРАМЕ. Ионака го продадовме газот ,.. не останаа веќе евро обврзници.

А, некој од улица се дере слушам, ‘‘вибам тоа мајмунитееее‘‘! Кому ли вика! Сокакот празен. Карантин, бе. Мора да е некоја пијана будала на балкон.

Ех, Македонијо, моја си. Само затоа те сакам. Инаку коа би те грабнал па десет удри едно број!

Агим Јонуз

Најчитани вести