Знам, простачки малку се изразувам, ама тоаа ти е. Бар сум свесен.  Кој признава, уштедува на стрја у кривичен суд, кој ете од еднашка проработува со полна пареа и со по сто предмета на ден. Таму Корона вирусот не влегуе ‘‘ па да је јебеш‘‘! Има уплав од судии и од обвинители. Таа им прави ‘‘стапица‘‘ на оние што сакаа да одат за задушница на гробот на татка им.

Арно ама, власта извади како Хари Худини стара ама проверена финта и рече ‘‘ мрш сите дома три дена, племе ви ебам‘‘! Нејќете избори?! Е, па еве ви го на! До балчак!

Кој плаќа и што плаќа  пред бога и пред законот? Во веќе легендарна борба со невидливиот непријател кој коси луѓе како на пољанче, наместо да се држиме по филозофијата ‘‘ сите за еден еден за сите‘‘ ние се однесуваме по народнана еден за сите – сите за никаде.

Како мало дете што ке се укака па ке застае на сред соба и ќе плаче, народот со систематско изјебан мозак е збунет. Не знае кому веќе да верува. Во секојдневие на тотална какафонија на информации, лажни вести, ‘‘Исуси-спасители‘‘, на лажни големини и авторитети, на експерти кои не виделе подалеку од носот, најблагата дефиниција за хоризонтот кој стои пред нас е – анархија. 

Хипокризијата на која сме сведоци е алармантна. Во ситуација на енормни бројки на ‘‘тазе‘‘ новозаразени поготово во Скопје, се случува на нај експлицитен начин ‘‘ сеидба ‘‘ на вирусот по цела Македонија, а со огледна тоа  дека пола Скопје излезе да се луфтира на друго место.

Дали новите најголеми жаришта на вирусот ке бидат Охрид и Маврово?! Дали не сме сведоци на класично ебење у мозак со населениево, ако земеш во предвид дека и самот си свесен дека не е вистинско решение да прогласиш карантин, туку и да го спроведеш со сите свои механизми на контрола, на институциите одговорни за ред и поредок? Престани бре да си играш држава, биди држава!

Од друга страна, јас лично како муслиман сметам дека е не фер кон христијанското население што не се дозволи барем да се одбележи на некаков скромен начин празникот. Можеше на пример да се дозволи движење до два саат попладне. За муслиманската страна беше ете до единаесет. Па, кој има свест, има, кој нема да го ебеш! Еднаквоста пред бога и законот мора да има најчесен еквилибриум. Србите викаат ‘‘што јест, јест‘‘!  Па сеедно дали си турчин или каурин. 

Се пробуди духот на мега национализмот кој привремено заспа. Сведоци сме на социјалните мрежи како многумина го псујат ‘‘племето индијанско‘‘ на шиптарите коио се наводно криви за повторниот број на заболени, а консеквентно на тоа повторното воведување на мерки.

Разни будали си пцујат мајка шиптарска и контра, македонска, р‘жејки едни на други како песови. Несвесни дека и Сарај и Чаир и Гази Баба се Скопје. Ако некој смета дека во Аеродром во кој има девеесет посто дошљаци у Скопје живеат ‘‘Французи‘‘ се заебал. Иста песна, а христијани. Македонци од крв и месо исто ко и оние у сред Чаир. Јебите се бре глупаци, празни националистички лобањи у кои под итно треба да се стави вакцина против лудило, а не Корона. 

Државата на почетокот немаше пари ни за маски, а сеа одеднаш има за све, па и за избори. Најскапата играчка. Има ташак мој! Има кредити и ‘‘борџови‘‘ кои допрва треба да се враќаат. Ајде да размислуваме вака. Ако оваа власт наследи долгови од проектот Скопје 2014 и истовремено наследи пазарен хаос кој треба да се ‘‘лечи‘‘ допрва низ време, како ке се снајдеме со новите кредити и тонењето се повеќе и поевеќе у говна до гуша. Тоа е исто како онаа народнана ‘‘ не тепала мајка сина што син и се коцкал, него што отишол да се вади‘‘! 

Отворете ширум очи и уши.  Направете селекција на информациите што ги апсорбирате. Разбравте нешто?! Просудивте што е вистина а што не? Верувате некому? Подржувате некого ама да не биде ради политика туку поради здрава логика и разум?

Можете да се потпрете на реална основа дека нештото е бело а нештото е црно? Можете да испланирате нешто подолгорочно од ‘‘попладне‘‘?

Дали сметате дека може да се потпрете на некоја институција и да се почувствувате достоинствено социјално заштитен? Имате ли пари бе луѓе!? Негувате ли надеж и верба!? Негувате онакво мое! Сте станале Зомби кои живеат затоа што на сила у гроб не се иде. Ни ‘‘онаа работа веќе не ја правите од ‘‘ќеф‘‘ него зашто така требало де. 

Не постои не разочаран човек. Не ‘‘изјебан у мозак‘‘ во сиот медиумски хаос, кој за потреби на фаворизирање на ставови на политички страни не изманипулира јавност. Има ли у некоја продавница да продаваат ‘‘вистина‘‘ па макар на рефус? Да продаваат реалност. Има!? И што пишува на пакетчето?

Пишува: .. У СТРАШНА ГОВНА СМЕ! Господ да не чува, голман да не брани и Мурињо да не води!

Нема друго!

Агим Јонуз

Најчитани вести