Мелиза  Харадинај - Стубла е министерката за надворешни работи на Косово. Таа е дел од Алијансата за иднината на Косово (АИК), а порано била советничка на премиерот Рамуш Харадинај.

Таа ги има завршено студиите на американскиот Универзитет во Косово, на насоката Јавна политика. Постдипломските студии, Харадинај ги заврши на Универзитетот во Оксфорд за дипломатија, преку стипендија доделена од британската влада.

После завршување на студиите,таа се врати во Косово по што беше избрана како советничка во приштинската општина од 2009 до 2013, а после тоа го формираше Институтот за дипломатија на Косово, организација за унапредување на државниот интерес на Косово.
 

Најчитани вести