Нападно очигледно е дека од сите партии само во СДСМ половина од раководтсвото или се заразени, или се во карантин, почнувајќи од претседателот на СДСМ Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот Венко Филипче, портпаролаката на партијата, потпретседателот Мухамед Зекири, градоначалникот Максим Димитриевски, директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми... се или заразени или во карантин поради зараза на некој партиски колега. 

Сево ова е заради непочитување на мерките за заштита од страна на функционери на СДСМ. Заболувањето или карантинот на функционерите на СДСМ повлекува и проблеми со функционирање на институциите кои ги раководат како министерството за здравство, општините, Управата за јавни приходи, финансиката полиција, клиниката за кожни болести... каде стотина вработени заради нив мораа да одат во карантин, надвор од своите работни места на штета на сервисот на граѓаните

Од тие причини пропагандистите на СДСМ се обидуваат оваа појава која е и кршење на законот а и нанесување штета на државните институции со кои раководат да ја замачка со вести дали Мицковски бил во теретана или седел внатре наместо надвор во кафеаната. Заради Мицкоски никој не се разболе, ниту некоја институција загуби раководител и вработените мораа да одат во карантин.

Еве уште еден функционер на СДСМ, директорката на Управта за јавни приходи Сања Лукаревска на маникир во време на епидемија, а и во време кога е потенцијален преносител на вирусот. 

А цигарата во салон за козметика, како? 

Најчитани вести