Зошто морето во Грција наеднаш станало толку ладно и треба ли туристите да се загрижени?

Ваков природен феномен не е забележан во предходните две декади, а во прашање е најголемиот пад на површинска темепература на морето во Грција.

После големите бури кои ја зафатија Грција во периодот од 17 до 22 мај во последната недела на мај површинската температура на водата паднала за 5 степени во многу делови на земјата.

Најголем пад на температурата е забележан во Грција во Додеканез, група острови кои припаѓаат на Родос кога од 25 степени температурата морето паднала на дури 20 степени.

Феноменот обајснува невероватни високи температури забележани во Грција во средина на мај кога достигнала дури 38 степени, која потоа ја следеле временски неприлики и силен пад на температурата. Штом времето се стабилизира, со тоа и температурата ќе порасне која ќе биде константна во текот на летото, секако доколку не се случат непредвидливи и драстични климатски промени.

Најчитани вести