Според министерот за здравство Венко Филипче, нема неконтролирано ширење на вирусот, а за дополнителни рестриктивни мерки ќе се чекаат податоците од следните 2-3 дена.

Филипче изјави дека околу 70% од новите случаи се од веќе познати кластери, пред се од Чаир и сарај, во сарај ситуацијата спласнува, останува интезивна работа во Чаир.

Тој додаде дека денеска интензивно се работи во Студеничани од каде што се денеска анкетираните од кои утре ќе има резултати

Филипе истакна дека во Штип новите заразени се околу поврзаните заразени во конфекциите, а екипа од министерството и здравствен санитарен инспекторат прави увид на ситуација. Додаде дека ќе се затворат 5 конфекции до понеделник и ќе се тестираат близу 500 вработени.

Најчитани вести