Денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на новозаразени луѓе со Ковид-19, и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Тој обвини дека Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона.

„На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности“, рече Мисајловски.

И тука, додаде тој,  неговото лудо настојување ја открива и причината зошто тоа го сака, свесен е дека престои пораз, и дека така мисли дека ќе стане пратеник со имунитет.

„Но, еве да кажам дека и оваа пресметка му е залудна. Околу достигнувањата, Зоран Заев заборави да ги каже главните достигнувања, еве јас ќе кажам неколку. Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата. Достигнувањата се Рекетот кој го правеа функционери од неговата партија. Рекетот станува заштитен знак на Зоран Заев и нивната свита на власт. Дури таквиот рекет доби и неколку продолженија, рекет 1, рекет 2 итн. Тука се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања“, кажа Мисајловски.

Во врска со стратешките приоритети, тој кажа дека трета година по ред Македонија нема одредено датум за преговори, но името е сменето.

„Европската перспектива е закопана помеѓу лагите на Заев и неспособноста на владата. Идентитетот е начнат, а Заев овозможи и виткање на кичмата. Македонија се соочи со уште една објективна пречка, а тоа е заканата за блокада од источниот сосед, што значи на маса Заев ја постави историјата, Гоце Делчев и јазикот. Не дојде живот како што ветува. Народот е со празни џебови. 200 милиони евра дефицит за 4 месеци, а до крајот на годината ќе го задолжат секое семејство за 1500 евра и дупка во буџетот од над 1 милијарда евра“, изјави Мисајловски.

извор: Makfax

Најчитани вести