Танкерот „Клавел“, последниот од иранската флота од пет танкери, пристигна на бреговите на Венецуела, само три дена по пристигнувањето на претходниот брод со нафта, пренесува РТ.

Петтиот танкер со нафта вчера влезе во водите на Венецуела со последната пратка од повеќе од 1,5 милиони барели нафта од Иран. Двете нации се соочуваат со строги санкции на САД, при што Вашингтон сакаше да ја запре иранската пратка што треба да го ублажи недостигот од нафта во јужноамериканската земја.

Претходно неделава, војската на Венецуела придружуваше уште четири брода – „Фортјун“, „Форест“, „Факсон“ и „Петунија“ – низ својата ексклузивна економска зона до нивната дестинација. „Факсон“ беше последниот што пристигна во Порто ла Круз на источниот брег на земјата во петокот.

Во меѓувреме, еден од бродовите, „Форест“, ја растоварил нафтата. Според податоците на „Марин трафик“, танкерот  го напуштил пристаништето во кое се наоѓал и тргнал во непознат правец во  неделата попладне.

Вашингтон претходно предупредуваше никој да не ѝ помогне на иранската флота да дојде до Венецуела. Специјалниот претставник на САД во земјата, Елиот Абрамс, изјави за „Ројтерс“ дека кампањата за притисок на владата на САД против Техеран и Каракас има за цел да се осигура дека сите ќе сфатат оти ова би било многу опасна трансакција за помагање.

Иако Белата куќа не кажа експлицитно дека има намера да ги пресретне танкерите, иранскиот претставник во САД претходно изјави дека бродовите може да се соочат со закана од непосредна употреба на воена сила од страна на САД. Техеран предупреди за какво било попречување на танкероте, предупредувајќи дека тоа ќе значи пиратство и голема опасност за меѓународниот мир и безбедност.

И покрај тоа што Венецуела има огромни резерви на нафта, нејзиниот капацитет за рафинирање е ограничен, а нејзината енергетска криза се влоши поради санкциите од САД. Ограничувањата доведоа до болен удар врз нафтениот сектор во земјата кој има најголем удел во приходите од буџетот.

извор: Makfax

Најчитани вести