Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на коронавирус. Од вкупно потврдени 2.246 случаи, закрепнале 2.077 лица, а 103 починале.

Активни се 66 случаи, од кои четири пациенти се на респиратор.

Во последните 10 дена во Хрватска се потврдени само три нови случаи.

„Придржувањето до сите досегашни мерки и упатства е клучно, бидејќи одговорното однесување може да го намали ширењето на заразата со коронавирус. Секој мора да биде свесен за одговорноста за сопственото здравје, здравјето на семејството и сограѓаните“, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје.

извор: Makfax

Најчитани вести