Општина Кисела Вода објави Повик за набавка на камионче со прскалка за чистење под висок притисок и комбе за превоз на патници. За таа цел, Општината ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на добра, да ги достават своите запечатени понуди. Заинтересираните понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на електронската адреса , а дополнителни информации можат да добијат на телефонскиот број ++ 389/02 2785-417.

Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Запечатените понуди потребно е да се доставуваат до Секторот за јавни набавки на адресата на Општина Кисела Вода, на ул. Петар Делјан бр. 17, 1000 Скопје.

Понудите мора да се достават до 15.06.2020 година до 13:00 часот.

Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година метод купување, и е отворено за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

Неодамна, во насока на подобрување на условите за живот во општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски потпиша два гранта со Светска банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проект за рехабилитација на улица „1“ во село Усје, и ќе се изврши набавка на камиончето со прскалка за чистење на улици, како и на комбето/минибусот за превоз на ученици.

извор: Makfax

Најчитани вести