Skip to main content
x

1 Jun 2020 - 14:05
sportmedia
Статија

Игор Вори, легендарниот хрватски ракометар е новиот шеф на струката на РК Загреб. Иако во “игра“ беше и Ивица Обрван, некогашниот селектор на Македонија, сепак раководството на најголемиот хрватски ракометен клуб се одлучи за Вори.

Тој досега беше директор на сите машки селекции во ракометниот сојуз на Хрватска.

Вори е големо име во хрватскиот и светскиот ракомет. Со “коцкестите“ освои девет медали на големите натпреварувања, има злато и од ОИ и СП.

Оваа вест ја потврдија и од РК Загреб, со што и дефинитивно се знае кој е наследникот на Весил Вујовиќ кој прее извесно време си поднесет оставка. Сега на Вори му останува само да го состави својот стручен штаб.

sportmedia.mk

Најчитани вести