Skip to main content
x

1 Jun 2020 - 14:05
sportmedia
Статија

Реал Мадрид и Барселона будно го следат португалскиот 16-годишен фудбалер Херкулано Набиан, моментално член на Виторија Гимараеш. Тој „гази“ во младинските категории на овој тим, а поради висината со споредуваат со Ромелу Лукаку од Интер.

Сепак, и Виторија сака добро да заработи од трансфер, па така во моментов преговара за нов договор на овој млад играч кој е висок 183 сантиметри.

Покрај шпанските гиганти, во игра се и португалските Бенфика и Порто.

sportmedia.mk

Најчитани вести