Апсењето на српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, следело откако била пријавена од страна на нејзината мадам, со која во последно време била во конфликт. Како што дознава српски „Курир“, некогашна шефица на Тијана ургирала преку нејзини блиски окнтакти во Биелина, БиХ, на кои им дојавила дека Тијана и нејзините три другарки со чамец преку Дрина ќе пробаат илегално да влезат од Србија на територија на Република Српска, за да учествуваат во веќе договорени оргии.

Според изворите на таблоидот, Тијана и нејзината бивша мадам се скарани поради нерасчистени сметки уште од минатото лето, кога госпоѓата ѝ договарала работа низ Хрватска.

За време на еден таков ангажман, наместо хонорар од неколку илјади евра, Тијана добила ќотек. Старлетата заработените пари ги барала од мадам, по што бурно ја раскинале соработката. Тогаш Тијана направила своја мрежа на девојки кои сакаат да се занимаваат со проституција, изнајмила и возач да ги разнесува на договорените состаноци и успешно зела дел од бизнисот на поранешната шефица, а таа со дојава ѝ се одмаздила.
 

Најчитани вести