Поради проблеми во главниот сервер на Фондот за здравствено осигурување, денеска корисниците нема да можат да добијат рецепти. Според информациите на „Република“, серверот најверојатно се запалил.

Од канцеларијата на ФЗОМ ни потврдија дека уште ноќеска настанал некаков проблем со серверот, на кој сè уште се работи. Не функционира ни главниот републички фонд, ни останатите подрачни единици.

Се работи на што побрзо решавање на проблемот, но не се знае точно кога граѓаните ќе можат повторно да извадат рецепт.

Извор: Република

Најчитани вести