Политиката никогаш не била и никогаш нема да биде наша работа. Ние на оваа држава служиме со било која власт, бидејќи нас политика не не интересира. Нас не интересира безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Сите ние во Батаљонот за специјални намени - ВОЛЦИ сме ги отпишале нашите животи уште кога сме пристапиле во единицата и единствено за што служиме е нашата мајка МАКЕДОНИЈА и иднината на нашите чеда да растат безгрижни и среќни, а МАКЕДОНИЈА СЛОБОДНА, стои во писмото на припадници на единицата Волци и додаваат:

Предавството од своите боли повеќе од куршумот на непријателот. Ова ние најдобро го знаеме и го искусивме неколку пати наназад во нашето постоење, но во период кога главна тема во министерството за одбрана е кога ќе биде расформирана нашата единица, нашата министерка отиде гордо да се слика под симболите на џелатите на многу наши браќа и колеги. Неа помили и се УЧК, отколку ние. Разбираме, се ближат избори треба да собира гласови. Но, со ова не понижи, не разгневи и им плукна на храбрите јунаци и сите загинати бранители од војната во 2001 кои животот го положија за многу граѓани вклучително и она да си го гледа детето како и расте насмеано.

- ВЕЧНА ИМ СЛАВА на нашите браќа, Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски, Игор Костески, не загинаа за ова и не го заслужија ова. Нивните семејства не заслужија да го гледаат овој резил од министерка и продадена душа за грст гласови и пари. Тие, јунаците, кои својот живот го положија кај Вејце, денеска нашата срам од министерка јавно ги поплука нивните херојства и неправедно одземени животи. За таа денес да го гледа своето среќно дете како расте, нивните деца секој 28 април го преколнуваат и го поминуваат во солзи. 19 години непребол и длабока тага, за Шеќеринска да се слика гордо со УЧК. СРАМ ДУШАТА ДА И ЈА ИЗЕДЕ. Ама за да и ја изеде срам треба да го има, а таквите како нејзе никогаш не ни имале срам, стои во писмото.

Тие исто така додаваат дека херои се само оние нивни колеги кои го дале животот за земјата која што политичарите ја раскрчмија.
НИЕ, припадниците на ВОЛЦИ сме луѓе од народот, обични, но со големо срце. Херои се само оние браќа и колеги кои го дадоа животот за ова мало парче земја што го раскрмчија политичарите. Храбри, праведни и чесни бранители на МАКЕДОНИЈА. Никогаш ништо не сме барале, никогаш во ништо не сме се мешале. Наша обврска е да бидеме секогаш и секаде први кога се работи за одбрана на МАКЕДОНИЈА. Ова јавно понижување кон нас и сите припадници на специјалните единици и безбедносните структури во МАКЕДОНИЈА, скапо ќе ве чини. Радмила Шеќеринска и оваа Власт имаат непријател од кого треба да се плашат. Политиката ги премина границите, а Радмила ни плукна директно во лице, велат припадниците на Волци.
Тие исто така и порачаа на Шеќеринска дека таа може да си биде само министерка во фотелја но на нив никогаш повеќе, додавајќи дека нејзиното време е завршено

- Радмила може да биде министерка во фотелја, ама нас никогаш повеќе. Можете да не понижувате, расформирате, предадете, пробате да не уништите, ама ние секогаш ќе бидеме тука за мајка МАКЕДОНИЈА. Едно да запаметиш, многу како тебе сме издржале и не успеале да не уништат, нема ни ти. Завршено ти е времето.
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ! ВЕРНИ НА БОГ - МАКЕДОНЦИ ДО ГРОБ!
Со должна почит кон државата и народот и голем гнев кон Радмила Шеќеринска, завршува писмото на дел од припадниците на Батаљонот за специјални намени - ВОЛЦИ
 

Најчитани вести