Состаноците и врските се тешки. Тоа важи и за една од најубавите и најуспешните жени на светот – Шарлиз Терон.

Во интервју за Entertainment Tonight, актерката откри дека речиси десет години е сама и дека уште се надева дека ќе ја најде својата сродна душа.

Терон, која ја промовира новата романтична комедија „Long Shot“ во која игра со Сет Роген, вели дека останала сама бидејќи очекувала мажите први да ѝ пријдат, но додаде и дека многумина тоа не смеат да го направат или не сакаат.

„Веќе десет години сум сама. Некој треба да се осмели и да ми пријде. Шокантно е колку сум достапна“, рече 43-годишната Терон.

Сепак, нејзината изјава дека речиси 10 години е сама не е сосема точна. Актерката кратко време се забавуваше со Шон Пен, но раскинаа во 2015 година.

„Бевме во врска и веќе не функционираше. И двајцата одлучивме да раскинеме и тоа е тоа“, рече Терон за раскинувањето со Пен во интервју за Wall Street Journal во 2016 година.

Претходно Терон се забавуваше со актерот Стјуарт Таунсенд со кого раскина во 2010 година.

Најчитани вести