Млада девојка која аплицирала за работа на својот фејсбук профил сподели едно непријатно искуство со потенцијален работодавач.

Станува збор за e-mail комуникација помеѓу нејзе и лице кое се претставува како директор на фирма, кој за време на комуникацијата кажува дека девојката ќе има можност да ги истакне нејзините орални способности.

Од меил комуникацијата може да се забележи дека девојката побарала објаснување на какви орални способности се мисли по што од нејзе било побарано орално да го задоволи.

„Ова е пример што може да се случи кога фино и културно си аплицираш за работа, за на крај да побараат ДА ГИ ПОКАЖЕШ СВОИТЕ ОРАЛНИ СПОСОБНОСТИ“, стои во фејсбук статусот.

Девојката истакна дека откако го објавила овој пост неколку други девојќи ја исконтактирале дека имале исто вакво искуство со човек кој се претставувал со друго име и друга e-mail адреса.

Најчитани вести