Дигиталната борба против пандемијата и дигиталната трансформација на општеството се темите на кои во статија се осврнува кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.

Денеска го објавуваме вториот и последен дел од неговите укажувања за ефектите од дигиталната економија.

Првиот дел кој беше споделен вчера можете да го прочитате ТУКА.

4. Дигиталната борба против пандемијата ја промовира социјалната трансформација, и изгради еколошки ланец на интерконекција

На Меѓународниот самит за меѓународна соработка „ Еден појас и еден пат“, одржан во мај 2017 година, претседателот Ши Џинпинг посочи, „Ќе ја промовираме изградбата на големи податоци, „облак“ клауд компјутерство (cloud computing) и паметни градови, за да ја реализираме идејата за дигитален свилен пат во 21 век“. Дигиталниот свилен пат ќе стана важна платформа за глобалната меѓусебно поврзана екологија. Во продолжувањето на дигиталната борба против пандемијата, изграден е екосистем, вклучувајќи ја основната екологија од хардверот и софтверот, мезо-екологијата од разни интернет апликации и микроекологијата на ниво на платформа-компании.

Дигитализацијата ја промовира трансформацијaта на општеството

На 7 ноември 2018 година, во својата честитка на Петтата светска Интернет-конференција, претседателот Ши Џинпинг потенцираше, „заеднички да го промовираат развојот на глобалната дигитализација и да се изгради дигитален свет со одржлив развој, со цел развојот на Интернетот да биде од голема корист за целиот свет“. Според оваа насока, Кина го зајакнува влегувањето на дигитализацијата во секојдневието, и таа ги покажува своите разновидни и социјализирани карактеристики.

До крајот на март 2020 година, бројот на кинески корисници беше 904 милиони, со 75,08 милиони повеќе од крајот на 2018 година, а стапката на пенетрацијата на Интернет во Кина достигна 64,5%. Како резултат на тоа, изградбата на дигитални градови се забрзува, развиен е интегриран систем на „транспорт, медицинска нега и административни услуги“.
Врз основа на дигитализацијата, Кина пробува да ги разреши проблемите со гужвата во сообраќајот, градското управување и борбата протов епидемии и др. Користејќи големи податоци, „облак“ клауд компјутерство (cloud computing), блок-синџир, блокчејн (blockchain), вештачка интелигенција и други врвни технологии, промовира иновации во методите и идеите во текот на управувањето со градовите.

Нивото на дигиталниот развој во руралните области исто се зголемува. Стапката на пенетрацијата на Интернет е 46,2%, што претставува зголемување од 7,8 проценти во споредба со крајот на 2018 година. Разликата на процентите на Интернет-пенетрација помеѓу урбаните и руралните области е намален за 5,9%. Со помош на дигиталната трансформација, Кина извојува уште поголеми победи во битката против сиромаштијата. До крајот на октомври 2019 година, во 99% од кинеските сиромашни села е поставен широкопојасниот интернет, кој што го достигна водечкото место во покривањето на руралните места во светот. Тој помогна во надминување на сиромаштијата на разни начини, како што се електронска трговија, онлајн образование и др.

На пример, во југозападната провинција на Кина Јунан, е изграден Центар за дигитален Јунан, кој е првиот центар на блок-синџир, блокчејн (blockchain) во земјата. Во центарот се регистрирани 24 компании, како Алибаба, Чу Лиен и Сент Гален и др. Задачата на центарот е да го реализира севкупното покритие на 5G мрежа во целата провинција.

Дигиталната инфраструктура ќе промовира меѓусебно поврзана екологија на сите нешта

На специјалниот состанок на дигиталната економија на Самитот на Г20 во Осака од 2019 година, претседателот Ши Џинпинг предложи дека „зајакнување на изградбата на дигиталната инфраструктура ќе ја промовира меѓусебната поврзаност и интерконекција“. Покрај оваа насока, Кина ќе го промовира брзиот развој на нов тип инфраструктура – меѓусебната интерконекција со сите земји во светот.

Особено впечатливо е што во контекст на нормализација на превенцијата и контролата на епидемијата, Кина привлече десетици трилиони инвестиции за поддршка на изградбата на нови инфраструктурни проекти.

Новата инфраструктура генерално опфаќа три аспекти: информатичка инфраструктура, како што е 5G мрежа, Интернет на нештата, индустриски Интернет и сателитски Интернет, вториот аспект е конвергираната инфраструктура, која ја означува продлабочената употреба на Интернетот, технологиите на вештачката интеграција и податоците да реализираат паметен сообраќајен или енергетичен систем.

5. Дигиталната борба против пандемијата го подобрува глобалното управување и гради синџир за безбедност на Интернет-просторот

На оддржаниот специјален состанок за дигитална економија на Самитот на Г20 во Осака во 2019 година, претседателот Ши Џинпинг посочи, дека „дигиталната економија се развива брзо и го менува длабоко обликот на светската економија и на човечкото општество“, „ на нас ни е потребно да ги подобриме правилата за управување на податоците заедно“. Овој важен став ја укажува насоката за управување на дигитализацијата. За време на превенција на епидемија и обновување на производството и животот, „здравствениот код“ стана популарен во Кина како важна почетна точка за дигитално управување, водејќи ја изградбата на дигиталниот ланец за безбедност на општеството.

Дигитализацијата на општеството е од корист за подобрување на ефикасноста на социјалното управување

На Втората светска Интернет-конференција во 2015 година, Ши Џинпинг истакна, дека „интернет-просторот е простор за активности на целото човештво, иднината и судбината на просторот треба да се контролираат од сите земји во светот“,
Дигитализацијата дава очигледен ефект во битката на Кина против пандемијата. На пример, интелигентна медицинска помош за дијагностицирање, што обезбеди безбедност на медицинските персонали, изградбата на паметни градови ја зајакнува ефикасноста за превенцијата и контролата на епидемијата; паметната логистика ги обезбедува најитните порачки на средствата и материјалите; дигиталното образование ги задоволува потребите на учениците; интелигентното производство дополнително ја подобрува ефикасноста на производството и го поддржува висококвалитетниот економски развој во земјата, а последното е „Интернет+административни услуги“ ја помага дигиталната трансформација на владата и модернизацијата на владиното управување.

До крајот на март 2020 година, бројот на корисниците на административните услуги преку Интернет во Кина достигна 694 милиони, што претставува 76,8% од вкупните интернет-корисници. Благодарение на континуираниот развој на дигиталната администрација, националната интегрирана платформа за сервиси преку Интернет е ставена во пробна фаза и игра важна улога како „дигитална влада“ во борбата против епидемијата. Освен ова, легализација на дигиталната влада исто така се зајакнува, таа станува се повеќе нормализирана, стандардизирана и интензивирана. Постепено, провинциите реализираа унифицирани извори на податоците, а кај мобилните услуги на владата успеаа да ги користаат унифицираните апликации. Како резултат на тоа е реализирана „заедничка национална игра“ во изградбата на дигитална влада.

Создавање на меѓународен систем за дигитално управување

Градењето на заедница во сајбер-просторот е план на Кина за глобално дигитално управување. Претседателот Ши Џинпинг во својата честитка за „Експо 2019“ на меѓународната индустрија со големи податоци истакна, дека „Сите земји треба да ја зајакнат соработката, да ја продлабочуваат размената и заеднички да ги искористат можностите од дигиталниот, мрежниот и интелигентниот развој.“ Мора да се справат истовремено со предизвиците со легалност, безбедност и со начините на владиното управување. Кина се надева дека ќе придонесе со кинеска мудрост во глобалното дигитално управување, да ја зајакнува глобалната размена и соработката, да ги решава заедно со сите земји ризиците и предизвиците со кои се соочува дигиталното управување, и да се залага за почитување на интернет-суверенитетот, со цел да ги реализираат дигиталната интерконекција и заедничкото управување преку билатерална и мултилатерална соработка.

За да може да се справи со пандемијата, Кина искористи серија на врвни технологии, како на пример големи податоци, вештачка интелигенција и други методи на дигиталната технологија, ја реализираше универзалната онлајн соработка на целиот народ, кој придонесе за квалитетната општествена координација, и е од корист за да ја постави граница помеѓу собирање, обработување и дистрибуирање на податоците. Кина ќе ја обезбедува легалноста на дигиталното управување, ќе ги осигурува националната безбедност, личната приватност и деловните тајни. Истовремено, Кина уште поактивно ќе ја промовира и ќе учествува во меѓународната соработка во управувањето со податоците, ќе ја унапредува изградбата на Дигиталниот Пат на свилата, ќе ја зајакнува комуникацијата со СЗО во идните битки против епидемии, а ќе ги споделува и научните истражувачки податоци и информации.

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести