Над 350 коментари, речиси сите насочени против вицепремирката и министерка за одбрана, откако таа порача дека немало проблем што се сликала пред симболите на УЧК затоа што според неа “дејствијата од 2001 година останале далеку зад нас” .

Иако допаѓањата и недопаѓањата се поделени во коментарите речиси нема луѓе кои и даваат поддршка.

Во коментарите во кој учество земаат и членови и симпатизери на СДСМ се спомнуваат и нејзините деца и блиски.

Меѓу емотивните пораки има десетици клетви и отворени навреди, а голем дел од присутните ја повикуваат да се стави во кожата на тие што во 2001 година загубија деца, родители, браќа, сестри и други блиски како резултат на убиствата и киднапираат од страна на УЧК пред чии симболи сега се сликала Шеќеринска.

Сите коментари на овој линк

 

 

Најчитани вести