Последното издание на Ѕвездите на Гранд го одбележаа настапите на двајца Македонци - првиот по скандалозното однесување и вториот по одличниот настап и маестралната изведба. Првиот Адам Лабунски, кој заедно со татко му Ибро буквално се испокараа со жирито во натпреварувањето и вториот Стефан Величковски кој со сите шест гласа и еден куп комплименти го продолжи натпреварувањето како еден од кандидатите на Вики Миљковиќ.

За оние кои можеби не го гледале саботното издание во кратки еве што се случи: Адам отпеа, просечно. Отпеа песна без консултација со својата менторка Марија, која поприлично се разлути заради ова и дури и му кажа да си продолжи понатаму сам, без неа... Остатокот од жирито го награди со гласови доволни да не помине директно, но да биде на стенд бај... И тука се роди проблем. Скокна татко му Ибро, кој му беше поддршка, и буквално почна да се кара со жирито како син му бил ѕвезда, како можел сам да си решава што ќе пее и како ќе пее, како бил најдобар... Во еден момент дури и дрско му се обрати на Ѓорѓе Давид со зборовите: „Дечко, полека застани малку...“ Впрочем, погледнете го скандалозното однесување во видеото во продолжение, оти овде секој коментар е одвишен, а и просторот е скапоцен.

И да, како за крај, супер е кога родителите ги поддржуваат децата, но драги родители една убава мисла вели вака: ’Кога на децата им давате крилја, научете ги и да летаат!’ Ние овде би додале или барем научете ги да паднат искусно, онака каскадерски зашто падот може многу да ги чини!  

Еве ја кавгата меѓу Адам, татко му Ибро, Ѓорѓе Давив... почнува од 23:25 минута:

1
loading...

Најчитани вести