Skip to main content
x

29 May 2020 - 12:25
sportmedia
Статија

Организаторите на една од најстарите велосипедски трки во светот „Џиро Ди Италија“ велат дека планираат истата да се одржи со публика покрај патеките.

„Конечната одлука ќе ја донесат националните и локасните власти, ќе се држиме до правилата кои ќе ни бидат наложени. Во овој момент планираме трката да се одржи пред публика“, велат од Џиро ди Италија.

Годинешното издание требаше да се одржи од 8. до 31. мај, но поради пандемијата коронавирус беше одложено за 3. до 25. октомври.

Првите три етапи требаше да се одржат во Унгарија, но целата трка се преселна за југот на Италија.

sportmedia.mk

Најчитани вести