Skip to main content
x

29 May 2020 - 11:45
sportmedia
Статија

Коста Манев, македонскиот интернационалец во БиХ, поточно во Вележ, е пред дилема. Имено на екс – фудбалерот на Вардар договорот му истекува на 31 мај, а се уште не се знае дали ќе остане или не. Со оглед на одличните игри во дресот на “роѓените“ во изминатата година, додека се играше фудбал, челниците на клубот од Мостар му подготвуваат нов договор, секако подолг од оној едногодишниот што го имаше кога дојде од Вардар.

Проблем за мостарците е тоа што сега Манев има в џеб и други понуди, и тоа поголеми од оние на Вележ, понуди и од поголеми клубови.

Од друга страна Македонецот нема ништо против да остане барем уште некој период во Вележ, ако се знае дека тој беше одлично примен од најверните фанови на клубот, а Манев со своите бескомпримисни игри на најдобар можен начин им се оддолжи.

Со оглед на тоа дека 31 мај е во недела, јасно е дека одличниот стопер во текот на претстојниот викенд треба да реши што и како со својата кариера.

sportmedia.mk

Најчитани вести