Skip to main content
x

29 May 2020 - 10:55
sportmedia
Статија

Горан Кузманоски се одлучи за нов чекор во својата кариера. Некогашниот македонски репрезентативец во новата сезона ќе го гледаме во друга улога, и официјално ќе седне на клупата новиот супер-лигаш Прилеп.

За Кузманоски тренерската работа не е непозната, во последните години во Романија во тимот на Одорхеи, тој ја имаше улогата на играч и на стратег.

По речиси 20 годишната кариера, 37-годишниот Кузманоски се враќа во родниот град каде што ја почна својата ракометна приказна. Во периодот од 2001-2003 година беше дел од тимот на Тутунски Комбинат, по што замина во Вардар Ватростална од каде направи трансфер во Металург. Од Автокоманда се пресели во Мадеира, по што кратко се врати во Македонија. Од 2001-2018 беше член на Одорхеи, кои поради финансиски причина не успеа да опстане. Е.Пелистер е последен тим кој е запишан во неговата играчка кариера.

sportmedia.mk

Најчитани вести