Skip to main content
x

29 May 2020 - 10:25
sportmedia
Статија

Се чини дека паузата лошо влијаеше за некои фудбалери, посебно нивното опуштање. Па така раководството на Евертон, синоќа објави дека нивниот фудбалер Жан – Филип Гбамина, потешко се повредил играјќи ножен тенис или по наше “серва“. Следува долга пауза за играчот кој минатото лето клубот од “Гудисон“ го купи за 25 милиони евра од Мајнц. 

На фудбалерот кој потекнува од Брего на Слоновата Коска страдала Афиловата тетива.

Секако дека ова се нови главоболки за “шефот“ Карло Анчелоти, или можеби не, посебно ако се знае дека Гбамина во досегашниот дел од сезоната одигра само два меча. Се чини дена повредите му ја уништија првата сезона во Премиер Лигата. 

sportmedia.mk

Најчитани вести