Ви текнуе ли на спотот од К-15 кога Тошо малерот минува на грчка граница и царинарникот му прави камасутра од иживљавање и на крај мери уље у кола а брише од машната на Тошо. А овој се кези ко креле. Е, истото тоа сега сами на себе си го правиме у државава. Со таа разлика што сите заедно се кезиме ко крелиња и викаме ‘‘ да, така треба‘‘. И си го зимаме тоа како нормално, си уживаме во сопствениот моронизам и општествено ментална бедотија.

По кафеаните уживаме по системот ‘‘ где се двоје воле, сувишан је тречи‘‘, зашто не смее трет да седне ако на некој изнајмен рунтав мајмун на врата не му покаже лична карта. Законот за заштита на лични информации може да се носи у пизду материну, а башка секој бели мајмун на врата нај легитимно може да си знае кој со кого седел на маса и кој со когго се швалерисал. Разузнавање на лице место и тоа бесплатно.

Дали треба да си пре писмен за да разбереш дека играта ‘’ ај на брзи избори‘‘ е контрапродуктивна на се што до сега се преземаше за да се бориме со пандемијата? Некаде кога бројката беше околу 1500 заразени се прогласи пикот, за да сега во актуелниов момент имаме преку 2000, а велиме ( со претходно извинување) ‘‘ич кур да не ви чуе луѓе, се е во ред‘‘.

А, рајата си ќути и голта сервирани информации во зависнот од политичката страна на која и припаѓаат,  самите себеси ментално мастурбирајки се дека оние ‘‘одозгора‘‘  им го мислат најдоброто. Не е страшно тоа што сите знаеме дека треба да се пазиме од вирусот, туку е страшно тоа што некој ни одредува колку да се пазиме. Секако во зависност од дневно-политичката заебанција.

Народот не е виновен. Тој следи тоа што ке му го кажат тие што тој сам одлучил дека треба да го слуша. Арно ама, ‘‘рокот на траење‘‘ им изминал и треба ден поскоро да постави нова екипа за слушање, која овака или онака не може ама баш ништо по драстично да смени освен да си го смести газот во комотните кожени фотељи на Илинденска улица, и да мудруе дека е спасител небаре рамен на Исус.

Спрегата Корона криза-дневна политика, во комбинација со апетите за моќ и власт,  создаваат калеидоскоп на нон-сенси, кои во ментумот на ионака полу-грогиран народ произведуваат гнев, збунетост, какофонија и еуфорична неуротичност. Жалосно е тоа што на крај, единствениот начин нештата да додат на свое место е повторно, да се следи хиерархиската директива. Нема друг начин. Ако му оставиш место на слободоумноста и анархијата, само господ знае до каде може да оди работата. Но секако не во позитивен правец.

Така доаѓаме до феноменот ‘‘ну му лафи народе, излафено е‘‘, кавадаречка досетка, која во некаква преносна смисла значи најнародски речено ‘‘ не јадите бурек и слушајте‘‘! За тебе народе ионака отсекогаш бил ‘‘ див зајак со питоми уши‘‘! Е, да не нее  вистина! Вежи коња где ти газда каже и има да излезеш на избори па цркнал ако треба. Тоа се повисоки цели. Не разбираш ти народе. Овчичке моја.

Техничко прашање! Каква политичка програма ке се претставува на блиц избори во ситуација на неизвесност не само на локално, туку и регионално ‘‘дантеово чистилиште‘‘? Дали постои било кој политички субјект кој може точно да јаже кои се политичките чекори кои ке ја вратат државата во нормала. А,.. која ја бркаме и сонуваме ‘‘од роџење‘‘ поточно од осамостојувањето. Дали битката по ‘‘победник‘‘ е побитна од битката за ‘‘ прав пат во здрава иднина‘‘?

Која е разликата? Ако сите ние сакаме здрава држава, ногу побитно е државата да ја водат стручни кадри во иднина, отколку ‘‘ победници‘‘ кои правото на сопственост над јавниот живот ќе го практикуваат катарзично како и до сега, соо имиџ на ‘‘ ја сам газда у кучи‘‘! Који црни газда, јебо те газда у дупе!!!!

Газда е никој друг освен народот! А, тоа што народот сам си го избрал ‘‘ дивиот зајак‘‘ наместо камшикот со кој ке ја контролира сопствената власт, тоа ае негов хендикеп! Генетски! Народот одсекогаш бил послушен и минорен пред авторитетите. Каде е парадоксот? Парадоксот е во тоа што ‘‘тоа му е нивото бе‘‘!  Ај, натерај магаре да пее!

Да! Избори од аспект на функционалноста на државата реално и се потребни час поскоро. Арно ама, не и е потребна власт на ‘‘победници‘‘. Потребна и е власт на поделено ниво на одговорност по основ на стручност, знаење и способност. Која со своите решенија и дејствија ке се носи локално, државно, регионално и глобално. Затоа што, ако и по организирани држави не знаат што ги чека, можеш да замислиш како ќе се носи нашиот  ‘‘Декамерон‘‘!

Држ‘ си го рајо дивиот зајак за уши, ну му лафи много, зашто не мењаш ништо. Не за друго, не си научен да мењаш.

Агим Јонуз

Најчитани вести