Skip to main content
x

29 May 2020 - 10:05
sportmedia
Статија

Организаторите на најголемиот и најпознат светски маратон прво го поместија, а потоа и дефинитивно ја откажаа трката низ улиците на Бостон. Ова се случува за првпат после 124 години, со тоа една супер традиција е нарушена. 

Се разбира дека причината е светската непогода наречена Ковид-19, а САД е една од најпогодените земји.

Треба да се каже дека првично беше закажан за 20 април, па потоа беше поместен за септември, но оваа година нема да има маратон во Бостон. Интересно е тоа што и за време на овој маратон ни Втората светска војна не му можеше ништо, но затоа коронавирусот му можеше. Штета.

Место вистинска трка организаторите ќе организираат виртуелно натпреварување, а следниот вистински маратон ќе ссе одржи на 19 април 2021 година.

sportmedia.mk

Најчитани вести