Skip to main content
x

29 May 2020 - 9:05
sportmedia
Статија

Френк Лампард, менаџерот на Челзи, може да биде задоволен, како и сите во клубот од “Стемфорд Бриџ“. Имено еден од клучните играчи, Нголо Канте, одлучи да се врати на тренинзите и да им се приклучи на своите соиграчи.

Познато е дека Францускиот играч за врска, од страв од коронавирусот, побара да тренира дома, да не оди со останатите свои соиграчи во тренинг – центарот на Челзи, ветувајќи дека ќе тренира во домашни услови.

По се изгледа дека му здосадило на Нголо, па одлучи денеска и тој да почне со максимални тренинзи во пресрет на рестартот на сезоната во Премиер лигата закажан за 17 јуни.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести